ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вториот круг меѓусебе ќе се борат за градоначалник во 25 општини

Од:

Во 34 општини се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори што се одржа завчера, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија по пребројувањето на сите гласови. Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ победи во 22 општини, СДСМ во девет, ДУИ во три.

Најголемите политички ривали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг меѓусебе ќе се борат за градоначалник во 25 општини. Вкупно СДСМ во вториот круг ќе има кандидати во 32 општини плус Град Скопје, а ВМРО-ДПМНЕ во 28 општини. Кандидатите на Алијанса за Албанците/Алтернатива и ДУИ во вториот круг меѓусебе ќе се борат во осум општини, а во Тетово и Желино во вториот круг влегуваат кандидатите на ДУИ и БЕСА.

Во Градот Скопје во вториот круг влегуваат независната кандидатка Данела Арсовска која има освоено 85.657 гласа и кандидатот на СДСМ Петре Шилегов кој освои 77.852 гласа.

Во Македонија во неделата се одржаа седмите локални избори на кои се бираа градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“