Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург

Од:

Македонската женска фудбалска репрезентација ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година. „Црвено-жолтите“ на 21 октомври гостуваат во Рига кај Летонија, а на 26 октомври во Охрид, ја пречекуваат репрезентацијата на Луксембург.

Селекторот, Кирил Изов за квалификациските дуели ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина), Верица Колевска (Скопје 2014);

Одбрана: Радица Чонева (Истатов), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (Истатов), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец);

Среден ред: Сара Коларовска (Скопје), Елена Петровска (Скопје), Ана Димитровска (Каменица Саса), Хава Мустафа (Шкендија), Јана Чубриновска (Деспина), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Христина Јошевска (Каменица Саса);

Напад: Улза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Гентјана Рочи (Купс, Финска);

Македонската селекција е во групата „Д“ со Англија, Австрија, Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

УЕФА ги удвои премиите за женското Евро, вкупна сума изнесува 16 милиони евра

Ана Ололовска