Околу 60 илјади Конгоанци пребегнаа во Уганда, откако бунтовниците го нападнаа пограничниот конгоански град Каманго, соопшти денеска Угандскиот црвен крст.
Катрин Нтабаде од Црвениот крст изјави дека организацијата веќе регистрирала 41 илјада бегалци и оти уштре 20 илјади лица ќе бидат регистрирани во таа категорија.
Бранот бегалци трае веќе три дена, откако бунтовничката групација Обединетите демократски сили го нападна Каманго во четвртокот и убија неколку лица.
Оваа групација дејствува веќе една година во џунглите на источно Конго, откако беше протерана од територијата на Уганда со воена операција. Групата е формирана на почетокот на ’90-те години од угандските муслимани, кои бараат воведување на шеријатот во Уганда.