Повеќе од 500.000 лица се евакуирани од две провинции на исток во Кина, поради тајфунот „Сулик“, пренесуваат агенциите.
Ветерот се движи со брзина од 119 километри на час, па околу 160 авионски летови се откажани.
Активирани се плановите за вонредни состојби, а околу 200 лица се водат како исчезнати.
Метеоролошката служба предвидува обилни дождови и силни бранови, поради што кинеските власти прогласија максимално ниво на опасност.
Се очекува тајфунот да помине во близина на јапонските острови Ишигаки и Мијако.
Елена Георгиевска