Во лабораторија во Англија е прекинато тестирањето за Ковид-19 откако станало сомнително дека 43 илјади луѓе добиле погрешни резултати.
Покрената е истрага по информациите дека луѓе добивале негативни резултати од ПЦР тестовите од лабораторијата во Вулверхемптон иако биле позитивни на тестирањето.
Во оваа лабораторија биле направени околу 400 илјати тестови, а околу 43 илјади луѓе во перидот од 8.септември до 12 октомври добиле неточни резултати.
Британската агенција за здравствена безбедност ја спорведува истрагата. Од лабораторијата соопштија дека комплетно соработуваат со Агенцијата.