Со скринингот за Ковид-19 ќе бидат опфатени опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Од:

Министерството за здравство соопшти дека ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од КОВИД-19 во основните и средни училишта.

По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, како што се посочува, тестирањата кои ќе започнат од следната недела ќе опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата. Собирањето согласности за тестирање на учениците во училиштата почна oд денеска.

Од Министерството за здравство информираат дека скринингот во училиштата ќе се реализира по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето.

Тестирањето, трае помалку од една минута, истото е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот Ковид-19, односно дали истиот се шири низ училиштата и каква е трансмисијата. Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296. Во рамки на училиштата на општините и градот Скопје, скринингот ќе опфати 766 ученици, истакнуваат од Министерството и апелираат родителите и старателите да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид-19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците.

Со давањето поддршка на скринингот, значајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата, како и поголема заштита на здравјето на учениците, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците