Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Од:

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ посакува неговиот тим да ја продолжи извонредна резултатска серија (три меча без пораз) во Лигата на шампионите.

Вардар во 4. коло од А-група во Лигата на шампионите ќе го пречека францускиот претставник Монпелје.

– Тие се извонредна екипа, како и сите француски екипи. Свесни сме дека не очекува многу тежок натпревар со противник составен од многу квалитетни играчи. Вардар е во добра форма и еден од двата тима кои досега немаат пораз. По прв пат немам проблеми со повредени играчи и по прв пат оваа сезона можам да кажам дека сме фаворити.

Популарниот Вујо упати апел до навивачите на „црвено-црните“ уште еднаш во голем број да дојдат во салата и да им дадат поддршка на вардарци.

– Со помош на навивачите стигнавме до победи и против Мешков и против Алборг и Еурофарм Пелистер. Јас не ги повикувам, туку ги замолувам утре дојдат да ни помогнат. Јас сакам да играм „седум на шест“, а со нив ќе бидеме „осум на шест“, па заедно да се радуваме на победа, истакна Вујовиќ.

Според него, евентуален триумф над Монпелје значително ќе ги зголеми шансите на Вардар за висок пласман во групата и добивање, условно полесен противник во следната фаза.

Натпреварот е закажан за утре (13 октомври) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски