Италијанецот Матео Трентини е победник на денешната 14. етапа од велосипедската трка Тур Д‘ Франс што се возеше од Сент Пурсан сур Суле до Лион во должина од 191 километар.
Тој во групата од 14 велосипедисти беше најбрз и со време од 4 часа 15 минути и 11 секунди го освои првото место.
Исто време со победникот имаа и второпласираниот Мишел Албасини од Швајцарија и третиот Ендрју Талански од САД.
Во генералниот пласман лидерското место и жолтата маица ја задржа Британецот Крис Фром кој има вкупно време од 55 часа 22 минути и 58 секунди.
Заостанување зад „жолтата маица“ од 2 минути и 28 секунди има Бауке Молема од Холандија.
Утре се вози најдолгата и една од најтешките етапи на 100.издание на Тур Д‘ Франс од Живор до Монт Венто во должина од 242 километри.