ФОТО: Тајфунот „Сулик“ го погоди Тајван, двајца мртви

Од:

Најмалку две лица загинаа, а стотина се повредени кога тајфунот „Сулик“ го погоди денеска Тајван.

Тајфунот носел покриви на куќи, многу улици се закрчени од паднати дрвја, а одделни се поплавени.

soulik3

Локалните медиуми известија дека 8.000 се евакуирани од своите домови пред налетот на тајфунот и оти на територијата на целиот остров е прогласена „состојба на готовност“.

soulik1

За тајфунот „Сулик“ се подготвува и Кина во која се евакуирани над 300.000 лица, а по должината на целиот југоисточен брег се распоредени 5.500 војници со цел да помогнат во спасувачките напори.

soulik4

Кина им нареди на рибарските бродови да се вратат во пристаништата и ги запре бродските линии кон Тајван.

soulik5

Тајфунот ќе помине и во близина на јапонскиот остров Ишигаки и Мијако.

Би можело да ве интересира

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски

Заглавено семејство во поплавена куќа во село Сиричино

Предраг Петровиќ

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Предраг Петровиќ

Невреме со силен дожд и грмотевици во Скопје

(ВИДЕО) Големо невреме проследено со дожд и град го зафати тетовскиот регион

Предраг Петровиќ