Германците пресилни за македонските фудбалери

Од:

Прв пораз за македонската фудбалска репрезентација на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2022. Вечерва во Скопје „црвено-жолтите“ беа целосно надиграни од фаворитот Германија која славеше победа со 4:0.

Гостите од самиот почеток покажаа дека на „Тодор Проески“ се дојдени со цел да се реваншираат за поразот во Дуисбург во март со 1:2.

Сепак, по првото полувреме и покрај доминацијата на „панцирите“ резултатот остана оној почетниот, 0:0.

Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Каи Хаверц го отвори резултатот, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша Тимо Вернер, за конечниот резултат да го постави Џамал Мусијала.

Со овој триумф, Германија (21 бод) го обезбеди првото место во Ј-групата и пласманот на Мундијалот во Катар.

Македонскиот национален тим падна на 3. место со 12 бода, но се уште е со шанса за второто место кое води во баражот.

На другите две средби од 8. коло, Романија – Ерменија 1:0 и Исланд – Лихтенштајн 4:0. Романците се втори со 13 бода, Ерменците се четврти со 12, Исланд има 8, Лихтенштајн е последен со еден бод

Би можело да ве интересира

Извлечени двојките за воведното коло во македонскиот фудбалски Куп

Легендарниот Андон Дончевски денеска го слави 86. роденден

А1он

Македонските фудбалери напредуваа седум места на ФИФА ранг-листата

А1он

Познати четвртфиналистите во македонскиот фудбалски куп

А1он

У21: Прва победа на македонските фудбалери во евроквалификациите

А1он

Милевски го одреди почетниот состав за дуелот со германската репрезентација

А1он