Епидемиолошката ситуација во Србија станува се покомпликувана. Со денешните нови 5.657 случаи земјата ја надмина бројката од еден милион регистрирани заболени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Точната бројка на досега регистрираните случаи е 1.000.356.
И покрај сериозно високите бројки на новозаразени и на починати во последниот период во Србија беше донесена одлука да не бидат воведени дополнителни рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот.
во денешното вонредно обраќање, претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека се работи на убрзување на процесот за воведување на два лека за ковид.