Во Русија недостасуваат експерти

Од:

Речиси година дена,откако Русија стана членка на Светската трговска организација, секоја втора фирма наведува дека не чувствува последици од членството во таа организација.

Истовремено речиси секоја четврта компанија, од оние кои што наведоа дека чувствуваат одредени последици, истакнаа дека тие се негативни, изјави претседателот на Руската унија на индустријалците и претприемачи, Александар Шокин.

-Тоа е нешто што треба да се земе во предвид при измената на програмата за прилагодување на руската економија по пристапувањето во СТО, наведе тој, додавајќи дека бројни инструменти за поддршка на стопанството се уште не се употребени, вклучувајќи и механизми за даночната политика.

Шокин нагласи дека постои дефицит на квалификувани експерти, правници, економисти и слично кои би требало да ја поминат обука за управување со надворешна трговија според условите на СТО.

Русија во август, минатата година стана полноправен член на СТО, по 19 години преговори.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски