Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права им ја честиташе на Марија Реси и Дмитриј Муратов Нобеловата награда за мир, наведувајќи дека тоа е „признание за важноста на работата на новинарите во најтешките околности“.
– Со текот на годините, забележавме зголемување на бројот на напади врз новинари, а исто така и за време на пандемијата на Ковид-19, рече портпаролката на канцеларијата Равина Шамдасани на брифинг во Женева.
– Мислам дека зборувам во име на Високата комесарка (Мишел Бачелет) кога велам дека им честитам на сите новинари кои ја работат својата работа за да не информираат и да ги засилат гласовите на жртвите насекаде, додаде таа.