Кузеска: Данела Арсовска е против зголемување на минималната плата

Од:

СДСМ во изминатите четири години ја покачи минималната плата за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.

Со враќањето на економијата во нормала по надминувањето на последиците од коронакризата, по очигледниот раст на економијата, интенцијата е минималната плата до крајот на годината, да изнесува 18.000 денари.

Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

И додека минималната плата постојано растеше ВМРО-ДПМНЕ и нивни претставници се противеа на секој нов раст.

Една од нив беше и Данела Арсовска кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за градоначалник на Скопје.

Арсовска јавно се противеше против зголемувањето на минималната плата, го нарекуваше вештачко, обвинуваше дека тоа ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, дека економијата наводно нема да може да го издржи тоа.

„Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“ велеше Арсовска додека се противеше на зголемувањето на минималната плата.

Затоа лицемерно Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, да се обрати на „Текстилијада“ и да зборува за работнички и женски права.

Токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од растот на минималната плата, затоа што вработените во оваа индустрија како и вработените во кожарската и чевларската индустрија со години добиваа плати кои беа и под законскиот минимум односно под 9.000 денари.

Денес, фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени работни места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9 отсто.

Арсовска е заинтересирана само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците.

Таа како и ВМРО-ДПМНЕ има проблем кога парите завршуваат назад кај граѓаните. Затоа на 17 октомври неа и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува убедлив пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Градоначалничката Арсовска во ОЈО донесе докази за легализираните дивоградби во Чаир

Горан Наумовски

Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Ганиу да добие кривична или грант од Фонд за иновации за патување во времето, Арсовска повторно го прозва градоначалникот на Чаир

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он

(ВИДЕО) Ганиу исфрли ѓубре пред седиштето на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

Општина Чаир вчера во Катастар поднела антидатирано Решение за поништување на легализацијата на спорната заграда, тврди Арсовска