(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

Од:

„Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните. А од Обвинителството – молк. Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија? Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски?“ праша денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат. Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина“.

„До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар? Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен. СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции. Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи? До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра? Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази. Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо“ рече Кузеска.

Порача „Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација. Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат? Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена“.

„Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо. Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци. Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село? Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар. СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат. До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО. Што прави Обвинителството?“ прашуваат од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски