Францускиот фудбалски клуб Пари Сен-Жермен в понеделник можеби ќе го официјализира трансферот на напаѓачот Едисон Кавани, а клубот веќе се насочува кон играчот на Челзи, десниот дефанзивец Бранислав Ивановиќ.
Како што пренесуваат француските медиуми, Ивановиќ треба да биде соодветна замена за Грегори ван дер Вил кој најави заминување во Интер.
Парижаните подготвуваат сума од 25 милиони евра за лондонските „сини“ на име обештетување за предвремен раскин на договорот на српкиот репрезентативец, но останува менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо да го каже последниот збор.