Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Од:

Претседателката на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева упати отворено писмо до министерката за образование, Мила Царовска.

Писмото го објавуваме во целост.

Г-ѓо Мила Царовска,

Најсоодветно би било, наместо да ловите вештерки, пречекорувајќи ги своите овластувања и да пријавувате во МВР книжарници и копирници за продавање на учебници, да се тргнете веднаш од функцијата за која очигледно не сте способна. Не само тоа, туку правите штета со непоправливи последици по младите генерации.

Како долгогодишен професор во областа на софтверското инженерство, но и искусен педагог токму во областа на употребата на дигиталните содржини во наставата на најмалите, како главен координатор на голем европски проект на оваа тема (со партнери од Велика Британија, Холандија и Белгија), си земам за право да Ве поучам дека,

1. Точно е дека постојат високо развиени средини, посебно во САД, каде студентите се упатуваат на дигитални учебници. Но, разликата со вашиот концепт е како небо и земја. Прво, не се работи за мали деца, второ никој не им забранува употреба на печатени учебници и книги, најмалку им се заканува и пријавува во полиција, најчесто се учи од повеќе содржини, а за техничките услови кои му се обезбедени на секој студент, воопшто да не зборуваме. Секој кампус има огромна библиотека. Половината од времето секој студент, професор го проведува во прекрасните библиотеки. Ранците на секој ученик во Европа и САД се полни со книги. Според Вас, тие би требало да се запалат.

2. Направени се многу студии, една од поголемите на Универзитетот во Мериленд, каде психолози, социолози, педагози предност даваат на печатените учебници. А замислете колку е погубно за мали деца кои и сега без потреба седат пред екрани и не се физички активни, додатно да се ќорават. Родителите се посвесни од Вас за тој проблем. Затоа масовно ги печатат учебниците, кои Вие требаше да им ги обезбедите. 100%, а не 20%.

3. Да, ние на универзитетите сме упатени, како ПОМОШНИ, да употребуваме странски книги, кои за среќа ги има во електронска форма. Но, исклучиво бидејќи немаме библиотеки, а и електронските книги задолжително ги печатиме. Многу е штетно да читате на компјутер или таблет книги и учебници. (патем има специјални Е-ридери кои помалку заморуваат)

4. Најсоодветна употреба на компјутери во наставата се таканаречените интерактивни ПОМОШНИ содржини (на пример анимации на разни процеси кои учениците не можат да ги видат поинаку), за кои немате абер да ги спремите. За тоа треба многу знаење и работа. Токму тие се потребни за помалите ученици и за нивната дигитална писменост.

Најстрашно од се е, што за прв пат во животот, за прв пат во светот, слушам од устата на еден Министер за образование и наука дека ќе гони, казнува, пријавува употреба на замислете, УЧЕБНИЦИ. Ги демонизирате книгите, наместо да создавате култура на нивна употреба. Немојте да давате примери со Финска, Ве молам. Многу сте далеку од тоа да го разберете нивниот концепт. Само накусо ќе кажам дека 6 години им траеше подготовката за дигитализација и започна со менување на наставата на педагошките факултети. Кај нас со некакви пет пари обуки за наставниците. Ќе си дозволам да кажам дека во овој случај, вицот со жабата која кренала нога и неа да ја потковаат, не е претеран.

И обидот за блендирана настава, која не е спорна како тренд во развиените земји, вие ја употребувате само во политички цели. Да го избришете тоа што им смета на соседите. И тука Вие лично со “групата експерти“, покажавте тотално незнаење, па не знаете што е наука, а која дисциплина тоа не е.

Вие дефинитивно немате основни знаења за тоа што е модерно образование, како се воведува, се служите со насилство да протуркате еден недоквакан проект. Тажно е кога видов мои колеги (некои ми биле чираци) како си газат на струките и знаењето, да Ви угодат и да се вклопат во Вашето, па не би рекла полу знаење. Вие ништо не знаете за образованието, а уште помалку за науката која ја сведовте на гола вода. За тоа друг пат и се надевам со друг министер.

Вие која не внесувате во тоталитарната држава на Орвел и ни будите асоцијации на познатото палење на книги во нацистичка Германија, која давате штетни изјави од типот дека родителите со печатен учебник му правеле штета на ученикот, која ги делите учениците на богати и посиромашни, која впрочем го кршите Уставот, вие треба да бидете пријавени во МВР и веднаш одјавени од позицијата на која правите штета на генерации!

Би можело да ве интересира

ЛДП: Додека Грчева промовира политики против Бугарија, нејзинит син доби функција во Софија

Предраг Петровиќ

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска