„Макстил“: Емисионите вредности на цврсти честички од компанијата се на минимално ниво

Од:

Минимално ниво на емисионите вредности на цврсти честички и многу пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, покажаа мерењата во „Макстил“.

Од „Макстил“ наведоа дека мерењата се правени на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи со полн капацитет.

– На мерната точка „Оџак на Пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3 во овој период најниска вредност е измерена во јануари 0,32 mg/Nm3, а највисока во август со измерени вредности од 3,39 mg/Nm3. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во септември и изнесува 0,3 mg/Nm3, а највисоката во јули и изнесува 8,08 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3, наведоа од „Макстил“.

Оттаму додадоа дека потврдените вредности, исто така се пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

– Континуираното намалување на вредностите е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата и максималното намалување на емисиите на цврсти честички во воздухот, истакнаа од „Макстил“.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари