Во Охрид денеска ќе се одржат натпреварите од државното првенство во атлетика, кои воедно ќе бидат од изборен карактер за претстојното Балканско првенство што ќе се одржи на 27 и 28 јули во Стара Загора, Бугарија.
Натпреварите ќе се одржат на СЦ „ Атина Бојаџи“ со почеток од 15 часот и 30 минути.
Мажите ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: 100 метри со пречки, 100 м., 200 м., 400 м., 800 м., 1500 м., 5000 м., скок во височина, скок во далечина, трискок, фрлање ѓуле (7.26 кг.), фрлање копје (800 гр.) и фрлање диск (2 кг.).
Атлетичарките ќе учествуваат во: 100 метри со пречки, 100 м., 200 м., 400 м., 800 м., 3000 м., скок во височина, скок во далечина, трискок, ѓуле (4 кг.), фрлање копје (600 гр.) и фрлање диск (1 кг.).