Комисија за проценка на материјалната штета од поплавите во Кичево

Од:

Големата бура и дождот во средата предизвикаа голема материјална штета во некои села во Кичево по што Општина Кичево има презеде иницијатива за формирање Комисија за проценка на материјалната штета во овие места.

Станува збор за селата Сербица, Тухин и Калеше, каде што беше оштетено коритото на реката. Оштетени беа неколку куќи и изгоре трактор како последица на молња што удрила во гаража.

„Градоначалникот на општина Кичево, г. Фатмир Дехари, за проценка на отштета има формирано Комисија за проценка на материјалната штета. Комисијата се состои од пет члена, чија работа е да ги евидентираат оштетите и да подготват извештај анализирајќи ја ситуацијата на терен“, велат од Општина Кичево.

Дождот од последните денови предизвика поплави во градот и во други села низ Кичево, но, за среќа, не се евидентирани други материјални штети.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници