Усвоен елаборатот за проценка на штетите од невремето од Советот на општина Прилеп

Од:

На шестата седница на Советот на општина Прилеп на дневен ред пред советниците се најдоа34 точки главно од сферата на урбанизмот. Клучни точки на седницата беа одлуките за формирање на јавно сообраќајно претпријатие, како иелаборатот за проценката на штетите од невремето на 23 јуни што ги погодиземјоделските поседи.

Според Никола Димески, претседател на Советот на општина Прилеп, генерално било расправано за барања на граѓани за детални урбанистички планови. Усвоен е и извештајот изготвен од Комисијата за елементарни непогоди во кој се содржани проценките за штетите од невремето.

Биле поднесени 2.273 барања од кои било постапено кон 1.846 барања на површина од 1.205 хектари.Според проценките, насадите со тутун се оштетени околу 40%, житните насади – 100%.Извештајот треба да биде поднесен до второстепена комисија во Министерството за земјоделство на натамошно разгледување, при што треба да биде донесена одлука за вкупната сума и за распределбата на средства на оштетените земјоделци.

Советниците на седницата го усвоија и годишниот извештај за 2012 година за работењето на Јавната општествена установа градинка „Наша иднина“ и го прифатија предлог-решението за формирање на Совет за јавно здравје.

Следната седница советниците ја закажаа кон крајот на месец август.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет