СДСМ Скопје: Арсовска не знае ни колку би чинеле 250 автобуси што ги ветува

Од:

„Независната“ кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, упорно не сака да и одговори на јавноста колку ќе чинат нејзините ветувања за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси. На граѓаните веќе им е јасно дека Данела Арсовска нема конкретни одговори, затоа што нема конкретни проекти за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси, велат од СДСМ Скопје.

Ајде Данела, осмели се, ако имаш конкретни проекти, презентирај ги пред граѓаните и новинарите. Да видиме колку чинат 250 автобуси како тој што го објави на твојата ФБ страница. Да видиме колку ќе чини „бесплатниот јавен превоз“ кој го ветуваш како „Милијардата на Циле“, прашуваат од градската организација на СДСМ.

За разлика од имагинарните ветувања на Арсовска, Град Скопје веќе има реален проект за брз автобуски превоз, со нова автобуска флота, две депоа, два коридора, нови автобуски станици и целокупен систем за поевтин, побрз и посигурен јавен превоз во Скопје – за кој веќе се обезбедени 70 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски