Од Министерството за внатрешни работи информираат дека две лица од Камерун, на Скопскиот аеродром со туѓи лични документи се обиделе да влезат во Македонија.
„Денеска (04.10.2021) во 00.10 часот на Граничниот премин – Меѓународен аеродром Скопје, при пасошка контрола и проверка кај лицата М.Б.С.(40) од Камерун, со француска патна исправа и Р.Ф.(36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург, полициски службеници во нивниот личен багаж пронашле една француска лична карта и камерунска патна исправа на име на други лица, како и хартија во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од по 50, 100, 200 и 3,500 евра и две шишиња со непозната течност. Предметите им биле одземени, а на лицата не им бил дозволен влез во Република Северна Македонија“, велат од МВР.