Ќе се објави форензичкиот извештај за тетовската модуларна болница, за да се знаат причините за пожарот

Од:

Форензичкиот извештај на Министерството за внатрешни работи кој треба да ги даде одговорите како настанал пожарот во тетовската модуларна болница, ќе биде објавен јавно. Премиерот Зоран Заев смета дека тоа нема да наштети на истрагата на Обвинителството. Македонија и натаму го очекува извештајот на германските експерти.

„Јас не можам да дадам наредба, налог, напатствија на орган кој не е под наша надлежност, тоа обвинителство. Можам да апелирам да се објави извештајот. Можам да побарам од МВР да го објават соопштат извештајот. Поминуваат недели, треба да се дадат одговори, прво за граѓаните, потоа и за нас, за да носиме одлука. Очекувам од следните денови да се објават од МВР детали од форензиката, а ОЈО, да продолжи со истрагата. Но, одговорот за како настанал пожарот и што се случило, сите детали поврзани со моментот, очекувам да бидат јавно објавени“, рече Заев.

Премиерот посочи дека вештачењето доставено во Обвинителството треба да се објави за да се дадат одговори на граѓаните, доколку тоа не пречи на истрагата. По ова, Заев ќе се произнесе и за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани.

Би можело да ве интересира

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово