ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани

Од:

Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани. Документите кои ги објавивме јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност. Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност. Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов. Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани. А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски