Жан-Марк Сове: Во Католичката црква од 1950 година се идентификувани помеѓу 2.900 и 3.200 педофили

Од:

По две и пол години работа, Независната комисија за сексуална злоупотреба во француската католичка црква (Циасе) во вторник ќе ги објави своите наоди во извештај долг 2.500 страници.

Во Католичката црква во Франција имало „меѓу 2.900 и 3.200 педофили“, мажи – свештеници од 1950 година, изјави Жан – Марк Сове, претседател на Комисијата која ја истражува педокриминалноста во Црквата, јави дописникот на МИА од Париз.

– Ова е минимална проценка, врз основа на пописот и испитувањето на архивите (црква, правда, судска полиција и печат) и врз основа на сведочењата добиени од ова тело. Ова е бројка што треба да се спореди со општа популација од вкупно 115.000 свештеници во текот на овој 70-годишен период, рече Сове.

Тој додаде дека Независната комисија за сексуална злоупотреба во Црквата ќе ги донесе своите заклучоци во вторник, во извештај, кој вклучува и анекси, и ќе има 2.500 страници. Тој ќе биде јавно предаден на Конференцијата на бискупите на Франција (ЦЕФ) и на Конференцијата на религиозни институти и конгрегации (Кореф), кои го наредиле тоа. Објавувањето ќе биде на прес – конференција на која се поканети претставници на здруженијата на жртвите.

„Тоа ќе биде експлозија“, вели за француските медиуми член на Циасе. „Ќе има ефект на бомба“, додава Оливие Савињак, од колективот Парлер и Ревивре. „Тој ќе биде директен“, вели социологот Филип Портиер, друг член на Комисијата.

Бискупот Ерик де Мулин-Бофор, претседателот на ЦЕФ, рече дека се плаши дека извештајот „ќе направи значителни, застрашувачки бројки“ за време на состанокот со парохјаните од неговата епархија. Неговото објавување „ќе биде тест за вистината и тежок и сериозен момент“, дали можеме да ја прочитаме и пораката испратена од епископијата до свештениците и парохиите за неделните миси, порака која повикува на „став на вистината и сочувство“.

Циасе, исто така, ќе го процени бројот на жртви и ќе ја спореди распространетоста на сексуалното насилство во Црквата со онаа идентификувана во други институции (спортски здруженија, училиште, итн.) и во кругот на семејството.

Комисијата ќе даде 45 предлози што ќе допрат до неколку области: слушање на жртвите, превенција, обука на свештеници и верско, канонско право, трансформација на управувањето со Црквата … Исто така, ќе препорача и политика на препознавање .

Циасе ги стави зборовите на жртвите на „матрица на својата работа“. Прво, имаше повик за сведочења отворен седумнаесет месеци, на кој беа собрани 6.500 контакти од жртви или роднини. Потоа се спроведоа 250 долги сослушувања или истражувачки интервјуа. Исто така,се користеа и бројни архиви (Црква, Министерство за правда, внатрешни работи, печат).

Во повеќето случаи, фактите сега се пропишани, авторите се мртви, правејќи го прибегнувањето кон правдата невозможно. Канонските постапки (законот на црквата), кога се иницирани, се многу долги и не многу транспарентни.

– Чекам да се соочиме со овој товар, колку и да е темно, за потоа да ги преземеме потребните мерки, вели Вероник Маргрон, претседателка на Кореф. Епископијата посочи дека нема да има репарации, туку систем на финансиски „придонеси“.

Првите одговори се очекуваат во ноември. Ивештајот ќе биде разгледан и во Рим, каде што прашањето го покренаа папата Франциск и некои француски бискупи кои го посетија Ватикан во септември.

Циасе е формиран во 2018 година, составен е од 22 членови, волонтери, со мултидисциплинарни вештини (правни, медицински, психолошки и психијатриски, социјални и образовни сектори, заштита на децата, историја и општествени науки, теологија, итн.). Финансиран е од епископските и верските институти и собранија во износ од три милиони евра.

Би можело да ве интересира

Во Илиноис, околу 450 свештеници злоставувале повеќе од 1900 деца

Ана Ололовска

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски

Тужба против папата Бенедикт поради свештеник педофил

Ана Ололовска

Речиси 200 свештеници од католичката бискупија во Минстер осомничени за злоставување деца

А1он

Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква

А1он

Бискупот од Келн понуди оставка поради скандалите со сексуална злоупотреба

Ана Ололовска