Жена се обидела преку пакет со храна да прошверцува дрога во штипскиот затвор

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека жена од Штип се обидела преку пакетот со храна наменет за осудено лице, да внесе и прашкаста материја во штипскиот затвор.

„На 30.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода Б.М.(44) од Свети Николе, затоа што околу 13.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Штип се обидела да внесе пакет со храна на осудено лице, во кој имало прашкаста материја, која била пронајдена при претрес од затворската полиција. Во врска со настанот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода и В.К.(46) од Штип. При претрес во нејзиниот дом и помошни простории во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Пронајдените прашкаста материја и марихуана се одземени, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.М. и В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар