Саудискиот министер задолжен за аџилакот, Бандар бин Михамед Хаџар, изјави дека неговото Министерство внимателно разгледува основање град за прием и собирање на верниците, за време на аџилакот.
Тој наведе дека градот ќе има напреден систем на услуги и се што е неопходно за аџиите. Саудијците мора да изнајдат начини како да се изборат со големиот метеж, особено во деновите на аџилак, а ова се смета за идеално решение, пишуваат арапски медиуми.
Министерот Хаџар, исто така потсети дека кралот Абдула издвоил големи пари за развој на транспортна мрежа за време на минатиот рамазан, кога во Мека исто така престојуваа голем број верници.