• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Европското досие на Македонија пред високите претставници од Советот на Европа

by А1он30/09/2021 - 16:21238
Share0

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во рамки на работната посета на Стразбур, имаше одделни средби со генералната секретарка на Советот на Европа – Марија Пејчиновиќ Буриќ и со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ – Рик Даемс, на кои ги претстави заложбите на Северна Македонија во реформскиот процес во поглед на унапредувањето на демократијата, човековите права и владеење на правото, како и во контекст на регионалната соработка и процесот на пристапување кон Европската Унија.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти СЕП, на средбата со генералната секретарка Буриќ, вицепремиерот Димитров истакнал дека напорите за интеграција на Северна Македонија и регионот во Европската Унија се во насока на остварување на целите на Советот на Европа и зајакнување на европскиот идентитет.

-Советот на Европа е кредо за демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и токму тоа е суштината на пристапните преговори – приближување кон европските стандарди како одредници за градење на иднината, соработката и просперитетот. Истакнувањето на историски, јазични и идентитетски прашања што во моментов е пречка на патот на Северна Македонија кон Европската Унија е спротивно на европскиот идентитет и вредностите кои сме се договориле дека ќе ги промовираме и унапредуваме како европско општество и заедница на народи, истакнал Димитров.

Генералната секретарка Буриќ, се посочува во соопштението, го потенцирала напредокот на земјата и придонесот во обезбедувањето на мирот и стабилноста на Европа, при што подвлекла дека преку механизмите на Советот на Европа се поддржува интеграцијата на Северна Македонија и регионот како заедничка цел.

Актуелните прашања во европските интеграции биле истакнати и на средбата со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа – Рик Даемс, со кого е разговарано за модалитетите за зајакнување и поддршка на процесот.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска иницираше донесување на резолуција за поддршка на европската иднина на Западниот Балкан што ќе се разгледа по поднесување на извештај кој што ќе го подготви Јоргос Папандреу.

-Долго време, но и многу енергија вложивме за почеток на пристапни преговори со Европската Унија и пречките со кои се соочуваме го отежнуваат европскиот наратив и ја ослабуваат надежта. Истакнувањето на ова прашање од Советот на Европа е во вистинско време, ја афирмира важноста на ова прашање за иднината на Европа што не е целосна, дури не е ни возможна без вклучување на регионот како составен дел, рекол Димитров.

Претседателот Даемс, како што се посочува, изразил политичка поддршка за надминување на предизвиците и отвореност за соработка за заокружување на европската перспектива на регионот.

Учеството на вицепремиерот Димитров на есенската сесија на ПССЕ беше заокружено со дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла.

eusovet na evropa

Би можело да ве интересира

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 13:1931/01/2026 - 13:48

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Горан Наумовски29/01/2026 - 21:49

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:21

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Горан Наумовски28/01/2026 - 10:06

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски23/01/2026 - 06:5423/01/2026 - 08:00

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Горан Наумовски21/01/2026 - 21:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен