ВМРО ДПМНЕ: Запрепастени сме од мрзеливоста и неспособноста на Шилегов цели 4 години, а затоа сега тој е изненаден од добрите проекти на Даниела

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на реакцијата на градоначалникот Петре Шилегов, на предизборното ветување на Даниела Арсовска.

„Запрепастени сме од мрзеливоста и неспособноста на Шилегов цели четири години, а затоа сега тој е изненаден од добрите проекти на Данела.

Данела Арсовска денес презентираше проект кој е подобар и посеопфатен од сите проекти кои некогаш биле планирани за јавното сообраќајно решение за Скопје.

Шилегов е изненаден и затоа што проектот кој што тој го промовираше после презентацијата на Данела, не држи вода. Бидејќи се што планира Шилегов не држи вода ако имаме целосно бесплатен јавен превоз, кој веќе е пракса во голем број на европски метрополи.

Шилегов нека се чуди, но и добро да учи што значи добар менаџер од Данела, сепак може нешто ќе научи за понатака во животот, а во наредните 4 години проектите на Данела ќе ги гледа и во пракса.

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ќе создадат нова иднина за Скопје“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?