Вакцините на „Фајзер“ и „БиоНТек“ со позитивни резултати кај деца од пет до 11-годишна возраст

Од:

„Фајзер“ и „БиоНТек“, чии вакцини се употребуваат за имунизација на Американците против Ковид-19, ги поднесоа прелиминарните резултати до Агенцијата за храна и лекови (ФДА) за испитување на вакцината врз деца од пет до 11 годишна возраст.

Фармацевтите укажуват дека испитувањето, во кое учествувале 2.268 волонтери од таа возрасна група, покажало „позитивни резултати“.

-Вакцината демонстрира позитивен безбедносен профил и предизвикува силен неутрализирачки одговор со антитела во режим од две дози, се вели во извештајот до ФДА.

Компаниите планираат да поднесат формално барање за авторизација за вонредна употреба на вакцината кај деца во следните недели. Тие, исто така, планираат да поднесат барање и до Европската здравствена агенција и регулаторните власти во другите земји.

Во САД, вакцините веќе се одобрени за вонредна употреба кај деца од 12 до 15-годишна возраст, а целосно одобрени за лица на возраст од над 16 години.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска