СДСМ: Исплашени од извесниот пораз во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири невистини

Од:

„Исплашени од извесниот пораз кој ќе им го понесе Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири невистини и да ги надградува сопствените конструкции за градоначалникот Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ може колку сака да мафта со нецелосни документи, неосновано да упатува обвинувања за наводна корупција, да врши притисоци врз обвинителството, но ништо нема да ги спаси од силниот пораз кој ги очекува и на овие изборите, како во Град Скопје, така и во Карпош, така и во најголем број од општините“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Засилените конструкции и измислици од страна на ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека оваа партија нема никаков план, идеја, концепт кој носи подобар живот за скопјани и модернизација на град Скопје.

И во Белиот дворец им е јасно дека Данела Арсовска е препознаена од граѓаните како кадар на Груевски, дека нема никаква шанса, па затоа се што им преостанува е да шират лажни вести, неосновани напади и конструкции во очаен обид да успеат да го ублажат поразот.

Граѓаните гледаат дека понудата на Мицкоски за овие избори се стари истрошени кадри на бегалецот во Будимпешта и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела и токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ, свесни за реалната состојба, не им останува ништо освен да конструираат лаги и дезинформации за да го ублажат поразот на изборите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“