Стано: Во Брисел пристигнуваат главните преговарачи на Белград и Приштина, како и Ескобар

Од:

Главните преговарачи во дијалогот Белград-Приштина деновиве пристигнуваат во Брисел, потврди денес Петер Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, кој тоа синоќа го најави и подвлече дека за „безусловно отстранување на тензиите во северно Косово, специјалните полициски сили мора веднаш да се повлечат и да се отстранат барикадите на патиштата“, јави дописникот на МИА од Белград.

Стано кажа дека Борел вчера телефонски разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, соопшти белградски Данас.

Тој индиректно потврди дека „како дел од општите дипломатски активности на ЕУ“, американскиот пратеник за Косово Габриел Ескобар ќе биде вклучен во напорите во Брисел да се најде решение за кризата во северно Косово, „што е корисен ангажман на САД во такви ситуации “

Претставникот за медиуми на Борел додаде дека засега не може да даде детали за овие закажани состаноци и активности во Брисел, со цел на отстранување на тензиите на северот на Косово.

Службениците во Европската комисија, иако беа прашани од новинарите, избегнаа да го коментираат доаѓањето на албанскиот премиер Еди Рама на Косово и неговите изјави во Приштина, истакнувајќи дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, утре ќе ја посети Тирана и ќе соопшти за она за што разговарала со претставниците на албанските власти.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија