КФСМ го одложи почетокот на младинските лиги

Од:

Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес донесе одлука за одложување на неопределено време на почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22.

– Канцеларијата на Младинските лиги ќе ја следи актуелната ситуација во која се наоѓаат учесниците во сите рангови на натпреварување. Ќе чекаме дефинитивен одговор од страна на надлежните здравствени и државни органи, поврзано со задолжителните тестирања со ПЦР тестови на сите учесници во системот на натпреварување во Младинските лиги под јурисдикција на нашата федерација, а кои во овој момент претставуваат сериозен финансиски товар на клубовите кои испратија пријави за учество во лигите за сезоната 2021/22, стои во информацијата на КФСМ.

Новиот датум за почеток на натпреварите во новата натпреварувачка сезона ќе биде определен во договор со клубовите кога ќе се создадат максимални услови за непречено одвивање на натпреварувањата.

Првично младинските кошаркарски лиги требаше да стартуваат претстојниот викенд.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он