Лефков: Ако дрогата е од 2016, немало црногорските власти да знаат дека се крие во тоа возило, очигледно е дека се работи за пресретнат шверц

Од:

Запленетата дрога во возило на МВР во Црна Гора проследена со смешното и патетично објаснување за заборавена дрога од пред 5 години уште еднаш покажува дека МВР на Спасовски наместо да ги гони и лови криминалците со дрога, истите ги заштитува. Јавноста знае кој во изминатите 5 години произведува, шверцува и работи со дрога рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

„Од 2016 година до денес има повеќе од 5 години,а Оливер Спасовски без прекин министер во МВР и тој имал доволно време да се запознае секое едно делче од министерството, а не да му остане дрога во автомобил. Ако возилото било на МВР, и дрогата е од 2016 година, а не од сега, како знаеја црногорските власти дека токму во тоа возило има дрога? Знаеме дека полициските сили низ државите работат со дојави и информации кои ги поседуваат партнерските служби, тоа што фатиле дрога во возило на МВР говори дека дрогата не е од пред 5 години, туку од сега“ – рече Левков.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп