По вчерашниот шок пеачка Биг Мама во стабилна состојба

Од:

Поп пејачка Биг Мама во моментов се наоѓа во стабилна но стресна состојба. И покрај терапијата која и се дава од страна на лекарите во струшката болница, состојбата и е непроменета во однос на синоќа пред се поради големиот шок кој го доживеала.

Вчера доцна попладне на една од струшките плажи се преврте скутерот на кој се возеле Биг Мама и нејзиното момче од тетовското село Дебреште, кој по превртувањето како што раскажаа уште синоќа очевидци за А1 удрил со главата во скутерот по што потонал на 6 метри длабочина во Охридското езеро.

Неуспешни биле обидите за реанимација, по што момчето во струшката болница почина синоќа околу 20 часот. Во болницата во Струга во моментов се наоѓаат и родителите на Биг Мама.

Инаку деновиве, таа заедно со својата екипа се подготвувала да снима спот на струшкото крајбрежје.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати