(ВИДЕО) Арсовски: Шилегов и Весковски местеле тендер од 300.000 евра, ЈО да реагира

Од:

„Сакаме да ја известиме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден заедно со правниот тим на адвокати од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за скандалот во ЈП Водовод и канализација, каде што е наместен тендер од 300.000 евра за фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако некој има се уште дилема дали се работи криминално или не во јавните претпријатија кои што се во надлежност на Град Скопје и Петре Шилегов, треба уште еднаш да се потсети и да ги погледне доказите, како се испумпале 300.000 евра со реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“ во текот на 2020-тата година.

Доказите се евидентни, ги обелоденивме наназад деновиве и поднесени се до Јавното обвинителство. Фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2, во претходен договор со градоначалникот на Град Скопје, Шилегов и директорот на Водовод, Весковски, ја извршиле реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ и дури потоа ЈП Водовод и канализација го објавило тендер, кој го добила токму оваа фирма која што претходно ја завршила реконструкцијата. Понаместен тендер со овие докази и со оваа фактичка ситуација, нема да можете да најдете.

Еве да потсетиме чисто информативно за јавноста и за уште некои докази, на пример, на 3-ти октомври на страниците на ЦУК и ЈП Водовод на официјалните фан страни на институциите на фејсбук, имаат објавено дека ќе има приклучок на мрежа на ул. „Варшавска“, што значи дека уште еднаш докажуваат дека претходно било реконструирано и завршено буквално се. Инаку зошто би имало приклучок на нереконструирана и незавршена водоводна мрежа.

Одговорност мора да има. Дали најпрвин морална од страна на луѓето кои што учествувале во сето ова, а потоа и кривична согласно истрагата доколку се случи на заспаните институции во Република Македонија. Но, одговорност за овој случај мора да има.

Ова е начинот на работа на јавните претпријатија кои што се на надлежност на Шилегов.

Најпрвин договараат меѓу себе во четири очи која фирма ќе добие одреден тендер. Фирмата без тендер ја изработува и ја завршува работата, потоа се оди на про форма, на електронска јавна набавка односно тендер за да се замачкаат очите на јавноста. И да го добие тендерот баш онаа фирма која што претходно ја завршила работата која што и била доделена.

Во текот на утрешниот ден сакаме само да најавиме дека ќе излеземе и со детални пресметки колку е напумпана цената од 300.000 евра за реконструкција на оваа водоводна мрежа споредбено со колку реално чини и треба да чини целата реконструкција“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски