Руската морнарица на маневрите во Црно море го користи ракетниот одбранбен систем „Бастион“

Од:

Руската морнарица вежбаше гаѓање цели во Црно Море, крај брегот на анектираниот Крим, користејќи го крајбрежниот ракетен одбранбен систем „Бастион“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Украина истовремено спроведува воени вежби со САД во Црно море.

Руската Црноморска флота вежбаше откривање и уништување цели во морето користејќи го системот „Бастион“, напреден, мобилен ракетен систем земја-земја што уништува бродови, се наведува во соопштението.

„Бастион“ е опремен со проектили П -800 Оникс, името што се користи во руските вооружени сили и Јахонт, варијантата за извоз, и е дизајниран да напаѓа бродови од различна класа.

Ракетите беа истрелани од скриени позиции, а беспилотни летала беа користени за следење на симулираната група непријателски бродови, се додава во соопштението.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу објасни дека системот „Бастион“ може да гаѓа цели на море на растојание од 350 километри и на копно на растојание од 450 километри.

Воените вежби меѓу Украина и САД и другите војници од земјите на НАТО ќе траат до 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија