Најмалку 16 лица загинаа, а петнаесет се повредени откако меѓуградски автобус паднал во провалија на југ на Перу, соопшти полицијата.
Истрагата за причината за несреќата се уште е во тек, пренесе „Франс прес“.
Слична несреќа се случи на 1-ви јули кога автобус падна во провалија во близина на претстолнината Лима, при што загинаа 19, а беа повредени неколку лица.
Несреќите на патиштата во Андите се чести, поради лошиот терен.
Елена Георгиевска