ЕЦБ: Последиците од климатските промени можат сериозно да ги погодат банките во еврозоната

Од:

Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголеми ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи. Тоа се наведува во денеска објавената студија на Европската централна банка (ЕЦБ).

ЕЦБ спроведе симулација во повеќе од 1.600 банки во еврозоната за да утврди како да се справи со последиците од честите природни катастрофи како резултат на климатските промени и со воведување мерки кои треба да ги намалат емисиите на штетни гасови.

Симулацијата покажа дека шансите за проблеми во сервисирањето на банкарските заеми ќе се зголемат за седум проценти во текот на следните 30 години, ако не се преземе ништо за спречување на климатските промени. Регионите во јужна Европа во тој случај веројатно би биле повеќе изложени на ризик од пожар, додека Источна и Централна Европа би биле под зголемен ризик од поплави, наведува ЕЦБ.

Истовремено, банките во земји како Грција, Кипар, Португалија, Шпанија и Малта се значително повеќе изложени на компании чии чести природни катастрофи можат да предизвикаат големи загуби од оние во другите земји, но и во споредба со просекот на еврозоната, според студијата на ЕЦБ.

Би можело да ве интересира

Грција е најзадолжена држава во еврозоната

Горан Наумовски

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој