ВМРО ДПМНЕ: Лицемерието во СДСМ денес го достигна врвот

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение региаат на прес конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„СДСМ и нивните пратеници го претворија Собранието во циркус каде секојдневно испливува на површина сета нивна фрустрација, неспособност и деструкција. Имено, денес македонската јавност имаше можност да се увери во дволичноста и сервилноста на пратениците од СДСМ. Наместо да го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за се’ и сешто, наместо да се служат со навреди, клевети и измислици, тие треба конечно да престанат да бидат слепи послушници и извршители на погубната и деструктивната политика на својот партиски шеф, Зоран Заев.

Очигледно, водејќи се од вчерашната изјава на партискиот шеф Зоран Заев за „баналноста на трагедијата во Тетово“, пратениците од мнозинството не дозволија да се отвори дискусија во Собранието на Република Македонија и без око да им трепне го одбија нашето барање. Тоа е нивото на демократија во СДСМ, тоа е нивната транспарентност и отчетност кон граѓаните. Очигледно некому му пречи дебата, дискусија и вкрстување на аргументите за пожарот во болницата во Тетово.

Најсрамно е тоа што за СДСМ и нивните пратеници, предложените закони во предизборието кои ќе служат единствено за предизборен маркетинг и популизам, се поважни од дискусијата за трагедијата во Тетово која однесе 14 невини човечки животи. Срамно и бездушно.

Апелираме до пратениците од мнозинството да престанат вината да ја бараат во пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив, конечно еднаш засекогаш да преземат одговорност за своите дела, да се погледнат себе и своите редови и да одлучат чии интереси бранат и застапуваат во Собранието на Република Македонија.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата упатуваме силна и јасна порака дека нема да отстапиме и секогаш ќе се бориме да се дознае вистината и вистинското лице на СДСМ. Македонската јавност заслужува да знае кој и како се бори за нивните интереси, а кој калкулира и тактизира бранејќи нечии лични интереси за зачувување на сопствената кожа и удобна фотелја“, се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Филипче: Дали Сиљановска-Давкова сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?

А1он

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото