(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со недолично однесување, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените за недела неработен ден

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието продолжува со деструкции блокади и кочења на важни законски измени. Денеска на седница на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со овие измени кои на сила треба да стапат на први октомври, недела станува неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства“, кажа Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

„Покрај блокадите и одолговлекувањата денеска членовите на Комисијата сведочат на низок, навредлив и морбиден говор на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Наместо аргументации по однос на измените на Законот Мизрахи денеска цел ден ги навредува пратениците и пратеничките, ги навредува министерките, ги навредува здравствените работници, ги навредува сите кои не мислат како неа.

Мизрахи се однесува некрофилски, зборува за гробови и смрт, злоупотребувајќи ја тагата на семејствата на починатите во пожарот во Тетово, злоупотребувајќи ги чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден го пробива сопственото дно на неодговорното и нехумано однесување.

Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на опозициската партија на најподмолен начин тераат политиканство и лични интереси.

Со ваквиот однос да немаат дилема дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои уште еднаш ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, изјави Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ