Кризата со подморниците меѓу Франција, САД и Австралија е „алармен сигнал за сите во ЕУ“, нагласи германскиот државен секретар за европски прашања Михаел Рот во Брисел.
– Треба да се запрашаме како да создадеме услови за нашиот суверенитет, како можеме да покажеме повеќе единство во надворешната политика и безбедносните прашања, изјави тој, пристигнувајќи на состанокот на европските министри.
Кризата меѓу Франција, САД и Австралија го доведе во прашање одржувањето на првиот состанок на новоформираниот трговски и технолошки совет, закажан да се одржи следната недела во Питсбург. Амбасадорите на ЕУ ги одложија подготовките за состанокот во Питсбург на 29 септември. Според дипломатски извори, Французите предложиле да се одложи состанокот во Питсбург.