Тексашки ренџери на удар на критики по камшикувањето мигранти од Хаити, загрижена и Белата куќа

Од:

Пограничните служби на Тексас се најдоа на удар на критики од јавноста откако се појави видео во кое се гледа како тие на коњи со ласо камшикуваат мигранти со темна боја на кожата. Инцидентот се случил во и околу реката Рио Гранде на границата со Мексико.

На кадрите од видеото во кое се гледа како тексашки коњаници спречуваат и камшикуваат поединци од група имигранти од Хаити кои се обидуваат да пренесат храна преку реката.

Веќе реагираше и Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки изјави дека властите се загрижени од оваа ситуација и дека разбира зошто јавноста е згрозена.

-Мислам дека сите кои го виделе видеото не сметаат дека тоа е дозволиво или нормално, рече Псаки.

Истакна дека тоа е случај кога се употребени камшици како механизам за принуда.

-Тоа се ужасни слики и вакви инциденти не смеат да се случат, изјави таа и додаде дека Белата куќа собира дополнителни информации за ситуацијата.

Претходно беше соопштено дека администрацијата одлучила да депортира назад во земјата илјадници имигранти од Хаити кои во изминатиов период пристигнаа на јужната граница во привремениот логор во Дел Рио, Тексас.

Не се знае дали инцидентот на јужната граница ќе придонесе да се разгледа оваа одлука.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени