Русија ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ и САД

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ и САД до декември 2022 година, со што Москва возврати на западните санкции против Русија поради анексијата на Крим.

Москва забрани увоз на млечни производи, месо, овошје и зеленчук, и, според декретот издаден вчера, забраната ќе биде продолжена бидејќи Русија мора да ги заштити своите национални интереси.

Путин постојано повторува дека ембаргото ќе ја подобри самодоволноста на Русија, на пример во млечната индустрија, и со тоа ќе ја намали зависноста од увезената стока.

Покрај ЕУ и САД, ембаргото ги опфаќа Австралија, Канада и Украина.

Многу производи од Западот и натаму го наоѓаат својот пат до Русија, и покрај забраната, како што е сирењата од Италија и Франција, што се многу популарни меѓу најбогатите московјани.

ДПА забележува дека Русија досега уништи тони и тони храна за да ги спречи таквите активности на црниот пазар.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија