Арсовски: Три нови докази дека тендерот во ЈП Водовод бил наместен

Од:

Вчера јавното претпријатие Водовод и директорот Весковски признаа кривично дело, со тоа што во документите што ги пратија самите за избор на најповолен понудувач се гледа дека изборот е вршен на 01.10.2020 година. Целата реконструкција на водоводната мрежа е завршена месец ипол претходно рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-На ден 24-ти јули 2020 година јавното претпријатие бара надзор над изградба конкретно за реконструкција на постоечки водовод од ул. „Варшавска“. На барањето за надзор јасно пишува дека изведувач на работите ќе биде фирмата КОДИНГ 2 ДООЕЛ Скопје. Поголем доказ од ова дека си избрале во јули месец самите меѓу себе која фирма ќе работи, нема и не може да има. На 24-ти јули во писмен официјален документ на јавното претпријатие пратен до друга институција кажуваат која фирма ќе работи, односно како што гледате по сликите веќе работи, без да има избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми кои што го добиле тендерот односно ја потпишале рамковната спогодба во април 2020-та година. Доказ број 2 е евидентниот лист за хлорирање од 24-ти јули, кој го потпишал раководителот на секторот за технички работи и развој на ЈП Водовод, каде што пишува дека мрежата може да се хлорира. Се хлорира секоја мрежа веднаш после одредена реконструкција на истата водоводна мрежа. Доказ број 3 е извештајот од тестирање квалитет, односно дезинфекција на мрежа, од 29-ти септември, каде што се врши испитување дека водата е питка и може да се пие, што повторно потврдува дека реконструкцијата е завршена пред да биде изборот за најповолен понудувач. Ова е на 29-ти септември, а изборот за најповолен понудувач се случил електронски на први октомври 2020-тата година, вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски