Истражувачот Франциско Рикилме на подрачјето на југоисточно Мексико во камен од килибар пронашол фосил на гуштер кој живеел пред 23 милиони години. Рикилме го пронашол фосилот во покраината Чиапас.
Гуштерот е со должина од 4,5 сантиметри и ширина од 1,3 сантиметри и припаѓа на семејството Анолис. Поради фактот дека гуштерот се наоаѓа во каменот килибар, т.е фосилизирана смола, мекото ткиво на неговото и кожата се во добра состојба дури и по 23 милиони години.
Ова не е првиот пронајден фосил од овој вид гуштер, но фактот е дека токму овој вид е неодамна откриен.
На научниците им се познати околу 400 видови гуштери од семејството Анолис. Тие се познати по многу префинетите техники на камуфлирање.