Додека Авганистанките храбро маршираа низ улиците на Кабул за да го обезбедат правото на работа и студирање, талибанците со пушки и минофрлачи беа фотографирани додека возеа педалинки во националниот парк Банд е Амир.
Taliban in Bamyan Province…
(These photos are real) pic.twitter.com/oWHJXDpVfZ
— Jake Hanrahan (@Jake_Hanrahan) September 18, 2021
Неодамна објавените фотографии покажуваат како талибански борци вртат педалинки во езеро лоцирано под планинскиот венец Хиндукуш.
Националниот парк Банд е Амир е туристичка атракција која годишно ја посетуваат голем број туристи од Авганистан и од странство. Шест езера се наоѓаат во рамките на овој парк, кој е само 70 километри оддалечен од Бамијан, некогашниот дом на две огромни статуи на Буда.
И покрај апелите на меѓународната заедница, талибанците ги уништија познатати статуи на Буда во 2001 година.
И додека талибанците се забавуваат на езерото, на улиците во главниот град, ги чекаше мноштво незадоволни граѓани, пред се жени, на кои им е ускратено правото на работа и училиште.