ВИДЕО: Американската администрација најави забрзано протерувањена на мигрантите од Тексас

Од:

Американската Влада (администрација) по критиките од републиканците и барањето за преземање акција од страна на демократите, денеска соопшти дека со авиони ќе го забрза протерувањето на околу 15.000 мигранти, особено Хаиќани, кои неколку дена се собрани под еден мост во Тексас.

Мигрантите пристигнаа во американската сојузна држава Тексас од Мексико, илегално преминувајќи ја реката Рио Гранде.

Според податоците на полиијата од пограничниот град, под чиј мост се мигрантите, на почетокот на неделата таму имало околу 2.000 мигранти, а денеска се речиси 15.000.

Американското Министерство за внатрешна безбедност објави нова стратегија за одговор на масовните пристигнувања, што подразбира забрзување на темпото на протерување мигранти со авиони.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски