Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ на завршна конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на Планот за борба против корупцијата“, ја истакна поддршката што Министерството за правда ја дава во спроведувањето на проектите и активностите од Акција 21 за европски стандарди дома, преку реализација на предвидената законодавна агенда и спроведувајќи ги реформите.

-Веќе е изработена физибилити студија за нов предлог-закон и во тек е процес на разработување на модел за реална контрола на потекло на имот. Се работи и на подготовката на измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со цел, не само надминување на слабости во текстот на Законот утврдени од страна на Државата комисија за спречување на корупцијата во неговата примена, туку и унапредување на инструментите за анализа на податоци кои и се потребни на Државната комисија во вршењето на нејзините надлежности, потенцираше Маричиќ.

Маричиќ, се вели во соопштението од Министреството за правда, додаде дека ова е општествен проблем кој не се решава преку ноќ, дека проблемот е системски и е потребно време. Борбата со корупцијата мора да биде континуирана, затоа остануваме цврсто на нашата определба и приоритет, и таа борба ќе ја добиеме.

Би можело да ве интересира

Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во владата на Џафери, за Груби се измислува ново вицепремиерско место „за политички прашања“

Маричиќ: Поддршката од ЕУ за македонските граѓански организации клучна за реформската агенда и преговорите

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром

А1он

Маричиќ: За време на француското претседателство треба да се направи обид за решение со Бугарија​

А1он

Маричиќ: Евроинтеграцискиот процес значи забрзување на реформите и економски развој

А1он

Маричиќ по средбата со Лирман: Започнување преговори за членство во ЕУ е нашиот клучен надворешно – политички приоритет, сметаме на поддршката на Германија

А1он